Денеска во салата за состаноци во Општина Кочани се одржа состанок со градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија од општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево во врска со регионалната депонија, односно активност произлезена од Одлуката на Владата за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување времени локации за отстранување отпад до периодот на изградба на регионалната депонија во Источниот и Североисточниот Регион.
На денешниот состанок беа констатирани и потврдени неколку ситуации и произнесени заеднички барања до Министерството за животна средина и просторно планирање.