Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Кочани.
Локалниот совет за превенција констатираше дека безбедносната состојба на подрачјето на општина Кочани е стабилна, а координацијата помеѓу органите и институциите на подрачјето на општина Кочани е добра и истата треба во иднина да се продлабочува и надоградува. На одржаниот состанок исто така се констатираше надлежните инспекциски органи зачестено да вршат контрола во угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани.