Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со претставници на Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани.
Активни борачи од различни генерации на „Спартак“ и членови на клупското раководство, на средбата со градоначалникот ги претставија активностите, резултатите и освоените награди и признанија во годинава што изминува.
Борачкиот клуб „Спартак“ му се заблагодари на градоначалникот Папазов, истакнувајќи го значењето на поддршката што ја дава Општина Кочани во спортските успеси на борачите.