Во 2014 година се реализираа неколку инвестиции, кои ја сменија економската слика на Кочани.
Кочани стана седиште на корпорацијата „Амфенол“, која се занимава со производство на кабли за автомобилската индустрија и антенски структури за базните станици за мобилна телефонија. Во „Амфенол“ се ангажирани 300 вработени, а според најавите на инвеститорот тој број треба да стигне до 600.