Mостот кај Шопинг-центарот во Кочани осамна со уништено осветлување. Столбот и светилката, кои се дел од системот за јавно осветлување, биле мета на вандалско однесување. Оштетениот столб откај улицата „Кеј на Револуцијата“ е пресечен и нефунционален.
Општина Кочани го осудува несовесното однесување врз јавното осветлување, кое како и кај урбаната и комуналната опрема е честа појава. За враќање во функција на опремата се одвојуваат средства од општинскиот буџет, што значи дека штетата ја трпи секој жител на Кочани.
Општина Кочани упати пријава до надлежните институции и јавно ги повикува граѓаните да се однесуваат одговорно кон јавните добра.