Почитувани граѓани,
Славејќи ја 130-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои се бореа и ја поддржаа македонската револуционерна борба, се поклонуваме пред сите борци за слободна и самостојна независна Македонија.
Нивните идеали, пожртвуваност и самопрегор во името на слободата се поттик за континуирани заложби за подобра иднина на сегашните и на идните генерации.
Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!
Градоначалник на Општина Кочани,
Љупчо Папазов