На 16 септември, Меѓународниот ден за чистење на планетата, КЈП „Водовод“ – Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е да се влијае на подигањето на свеста за потребата од чиста животна средина.
Вработени од секторот Градско зеленило од „Водовод“ со механизација ја косеа обраснатата вегетација на локацијата околу Спомен-домот „АСНОМ“, а вработени од Комунална хигиена собраа и изнесоа околу 11 метри кубни различен вид отпад.
Во акцијата се вклучија ученици од СОУ „Љупчо Сантов“, раководени од професорката Ирена Димитрова Јорданова, прибирајќи отпадоци расфрлани по тревната површина.
Поддршка на акцијата даде градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, упатувајќи апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и континуирана грижа за јавната чистота.