Општина Кочани, како организатор на манифестацијата, ќе им овозможи на учесниците во дефилето два начина на претставување: со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Паркот на Револуцијата, и со прикажување краток перформанс на крајот на движењето, на сцена во Градскиот парк.
За да биде Празничното дефиле што помасовно, Организацискиот одбор на манифестацијата ги повикува сите заинтересирани да го пријават учеството и да ги афирмираат своите активности од најразлични области: спорт, култура, образование, социјална заштита. Настанот им дава можност и на приватните фирми и на институциите, на креативен начин да ги претстават своите производи, можности и начин на работа…
Пријавувањето за учество во дефилето е електронски, на е-адресата: info@kocani.gov.mk, како и на телефонските броеви на поканата и пријавата за учество коишто се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.