По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, Здружението на граѓани „Три икс три“ од Кочани, со поддршка од Општина Кочани го организираше првиот турнир во баскет „3 х 3“.
Два дена на теренот во СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани се играа возбудливи натпревари проследени со дополнителни младински и урбани содржини.
Првото место на турнирот во баскет го освои екипата на „Еуроконтрол“, втора е екипата на „Дастинг“, а трета – екипата на „Лол ОГС“. Трите најуспешни екипи добија ваучери во вредност од 30 илјади, 20 илјади и 10 илјади денари. За најкорисен играч на турнирот е прогласен Михаил Николов.
Доделувањето на наградите и одличната организација на турнирот ги поздрави и поддржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.