2. ЖФК „Кочани“ – во својата програма има предвидено активно учество во Првата македонска фудбалска лига за жени на натпреварување организирано од ФФМ. Поаѓајки од фактот што натпреварувачката сезона не се совпаѓа со календарската година програмата се состои во три дела.
ЖФК „Кочани“има потреба од средства за обезбедување на превоз на фудбалерки, од и до местото на живеење кои се со место на живеење надвор од општина Кочани, превоз за гостување на натпревари и турнири, за што и се потребни 230 000 денари.
3. ФК „Кочани“ – во својата програма има предвидено активно учество во три ранга на натпреварување организирани од ФФМ и тоа:
• Со пионерската екипа се натпреварува во Пионерска лига Исток
• Од 2013година во рамки на новоформираната детска фудбалска лига (организирана од ФФМ) се натпреваруваат во источниот регион;
На ФК „Кочани“потребни им се средства за обезбедување на превоз на фудбалери, од и до местото на живеење кои се со место на живеење надвор од општина Кочани, превоз за гостување на натпревари и турнири, организирање на традиционалниот турнир по повод 8-ми Септември Денот на независноста на РМ, како и поддршка во котизации за учество во лига, односно вкупно 140 000,00 денари.
4. ФК „Фудбал Старс“ – Кочани е формиран по иницијатива на Фудбалската федерација на Македонија. Приоритет на клубот е развој на младинскиот фудбал. Почетна цел на клубот е привлекување на што поголем броj на деца кои би биле идни успешни фудбалери. Фудбалскиот клуб се натпреварува воповеќе категории кои се дел од ФФМ. ФК„Фудбал Старс“има потреба од превоз на првенствени натпревари во лигите и превоз за учество на турнири.Во својата Програма клубот предвидува трошоци во висина на 735 000,00 денари.
5. Фудбалски клуб „Младост – Тошев “ е фудбалски клуб се натпреварува во Детска лига – Исток. Натпреварите ги игра на игралиштето Масалница во Оризари. Освен натпреваририте клубот организира турнири ( „Св. Атанасиј Велики“ и „Оризарски куп“ а учествува и на меѓународни турнири Во својата Програма клубот предвидува трошоци во висина на 233 000,00 денари.
6. Клуб за мал фудбал „УНИПАБ“ – Кочани се натпреварува во Втората футсал лига на Македонија во сениорска конкуренција, а е дел од Фудбалската федерација на Македонија. Клубот очекува развивање на футсалот и зачленување на многу нови членови, успешно натпреварување и учество на домашни и странски турнири. Во својата Програма клубот предвидува трошоци во висина на 62 000,00 денари.
7. Клуб за мал фудбал „Торпедо “ – кочани се натпреварува во Втората футсал лига на Македонија во сениорска конкуренција, а е дел од Фудбалската федерација на Македонија. Клубот очекува развивање на футсалот и зачленување на многу нови членови, успешно натпреварување и учество на домашни и странски турнири. Во својата Програма клубот предвидува трошоци во висина на 400 000,00 денари.
8. Ракометен клуб „Младинец 2015“од Кочани е клуб во кој членуваат четириесетина ракометари, повеќе момчиња отколку девојчиња. Нивна цел е да успеат да создадат машки и женски клуб што би се натпреварувал во републичката лига за ракомет во РМ. РК „Младинец“ од Општина Кочани очекува подршка во однос на набавка на спортска опрема, превоз за учество на турнири и натпревари и хонорари за судии и делегати. На клубот му се потребни 138 000,00 денари
9. КК „Баскет Дино“ – Кочани постои повеќе од 10 години и во него тренираат педесетина деца и младинци. Се натпреваруваат во Македонската кошаркарска федерација. Сениорската екипа се натпреварува во трета лига, а младинците се натпреваруваат во младинска лига во склоп на МКФ. Поддршката во финансиски средства за КК „Баскет Дино“ се однесуваат за регистрација на кошаркари, превоз за учество во првенство, котизација за сениори и младинските лиги и судиска такса. Во својата Програма клубот предвидува трошоци во висина на 266 000,00 денари.
10. Клубот за гимнастички спортови „Кочани“ – Кочани без прекин функционира 107 години и ја остварува својата цел. Во својата програма за работа за 2018 година предвидува повеќе активности како учество на државните турнири во А-лига и Б-лига, пионерски и младински повеќебои и бројни меѓународни натпревари. КГС „Кочани“ бараат средства за нормално функционирање и поттикнување на најмладите за гимнастика. Средствата им се потребни за превоз при гостување на натпревари од А и Б лига и учество на Куп на РМ во гимнастика, за подмирување на комунални трошоци и др. Клубот има потреба од 240 000 денари.
11. Боречкиот клуб „Спартак“ во својата програма има предвидено потребни средства за подготовки за натпреварувачката 2018 година, тренажен процес во сала, превоз при учество на турнири во државата и тоа „Македонски бисер“ во Радовиш и меѓународни турнири за кадети во Европа, изборно првенство за јуниори, кадети и сениори, како и други трошоци. Исто така тие се и организатори на меморијалниот турнир „Андонов-Колев“. БК „Спартак“ има потреба од обезбедување на дел од средствата предвидени за превоз на натпревари во гости за борачите, организирање на турнирот „Македонси бисер“ и учество на други турнири во странство на кои ќе бидат поканети, набавка на опрема и слично и за тие активности потребни им се 256 000 ден
12. Пинг Понгарски клуб „Кочани“ како приоритет го посочува останувањето во Првата македонска пинг- понгарска лига. Целта на клубот е да обезбеди основни услови за непречен развој и унапредување на пинг-понгот и спортска рекреација како и учество на организирани настани со календарот на Пин-понгарската федерација – ИТТФ. Клубот има потреба од 200 000 денари.
13. Карате клуб „Кочани“ е карате клуб кој е активен на територијата на општина Кочани. Клубот со своите членови учествува на повеќе натпревари во земјата и странство, а учествуваат и на домашни и меѓународни турнири. Поддршката за овој клуб се однесува во финансиска помош за учество на државно првенство за деца,кадети, јуниори и јуниори до 21 година, како учество на меѓународни турнири во државата. Клубот има потреба од 97 500 денари.
14. Карате клуб „Партизан“ учествува на повеќе натпревари во земјата и странство, а учествуваат и на домашни и меѓународни турнири. Поддршката за овој клуб се однесува во финансиска помош за учество на државно првенство заповеќе категории, како учество на меѓународни турнири во државата. Клубот има потреба од 244 000 денари.
15. Карате клуб „Ипон “ е карате клуб кој е активен на територијата на општина Кочани. Клубот со своите членови учествува на два меѓународни турнири. Клубот има потреба од 16 800 денари.
16. Џудо клуб „Гладијатор 2016“ – Кочани е новоформиран клуб на територијата на општина Кочани. Во својата Програма има предвидено учество на државни, меѓународни натпревари, балканско првенство за пионери/ки, сениори/ки, домашни и меѓународни турнири. За остварување на целите на клубот му се потребни 451 000,00 денари.
17. Спортски клуб „Електрика“ – Кочани е велосипедски клуб, односно триатлонци, односно дуатлонци. Клубот брои 10 члена, 1 тренер и 1 механичар.. Во сезоната 2018 потребни им се средства за подготовки и припрема за старт на сезоната, набавка на опрема и технички материјали и средства за превоз за натпревари. Вкупен буџет на спортскиот клуб за сезоната 2018 година изнесува 807 000,00 денари
18. Клуб на планински велосипедизам ПОСКОК- Кочани имаат цел во 2018 година да земат активно учество во спортскиот живот на различни целни групи според возраста. Планирани се активности како: едукација на млади велосипедисти учесници во сообраќајот и нивна безбедност; запознавање на велосипедистите со законската регулутива од областа на сообраќајот, организирање на велосипедски трки, комбинирани еколошки и велосипедски акции, учество во турнири, форуми, конференции и сл. За реализација им се потребни 198 500,00 денари.
19. Клуб за планински спортови „Осогово “ – Кочани е член на Федерација на планински спортови на Македонија. Клубот има потреба од средства за организирање на традиционален Петровденски марш, одбележување на туристички патеки, набавка и опрема за клубот и обврска кон федерацијата за чланарини и сл. Вкупно потрбни средства за планираната програма се 80 000 денари.
20. Клуб за планински спортови „Москито“ – Кочани е член на Федерација на планински спортови на Македонија. Клубот има потреба од средства за организирање на планинарски акции, експедиции за највисоките врвови во Австрија Гроскокнер, Германија Цугшпиц и Словенија Триглав, организирање камп за деца и сл. Вкупно потрбни средства за планираната програма се 139 000 денари.
21. Градски шаховски клуб „Кочани“ има потреба да се регистрира во Шаховската репрезентација на Македонија, да учествува на сениорски и јуниорски првенства и организира екипни и поединечни натпревари – општински, државни и меѓународни. Шаховскиот клуб има потреба од 74 000 денари.
22. Тениски клуб „Акватен“ – Кочани итрнажниот процес го изведува на земјените тениски терени од март до октомври и на асфалтните терени во другиот дел од годината. Клубот е член на Македонската тениска федерација и има потрба за натпревари и учества и организирање на турнири во вредност од 60 000 денари
23. Здружението Општински спортски актив е здружение кое планира, координира и организира спортските активности и манифестации кои се организираат под покровителство на општина Кочани како што се: Детската олимпијада, Формирањето на секција за отстранување и намалување на деформитетите кај децата, организирање на гимнастички подготовки на гимнастичари на справи по ФИГ стандарди и организирање на турнир во гимнастика. За целата сезона потребни им се 320 000,00 денари
24. Спортско рибарско здружение еколошки клуб „Кочански рибар“ – Кочани. СРЗЕК „Кочански рибар“ како концесионер на акумулацијата Градче со годишната програма предвидува повеќе активности за унапредувањето на спортско-рекреативниот риболов како: Заштита и унапредување на животната средина, уредување на пешачката патека и риболовни зони, порибување и заштита на рибниот фонд и организирање на натпревари за риболов.На здружението му се потребни 100 000,00 денари.
25. Општински фудбалски сојуз – Во ОФС покрај фудбалските клубови од општина Кочани членуваат и фудбалските клубови од други општна како Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница, Македонска Каменица, Берово и Делчево. Во сојузот се вклучени различни категории на фудбалери (помлади пионери, пионери, кадети, младинци и сениори како во машка така и во женска конкуренција). Обезбедува админиостративно-техничка и стручна помош на членките на ОФС Кочани. ОФС Кочани активно се вклучува и во организирање на голем и мал фудбал од други субјекти како традиционален петровденски турнир, Богородични игри и др. Исто така се мисли и на омасовување на судскиот кадар (фудбалски судии и контролори), нивно постојано едуцирање и унапредување во повисоки звања предвидени со правилникот за судии и судење на ФФМ, како и посета на семинари, учество во полагања за стекнување со повисоки категории и сл. ОФС Кочани преку активности во кои се вклучени разни категории на фудбалери (помлади пионери, пионерки, кадети, младинци и сениори, како во машка така и во женска конкуренција), организира првенство во Општинска фудбалска лига, учествува и во активно вклучување во турнири и други активности иницирани по одлуки на органите и телата на ФФМ и ОФС Кочани. За споменатите активности на ОФС му се потребни средства од сите споментаи општини.
Општина Кочани го поддржува училишниот спорт за организирање на општинска лига за учениците од основните училишта во фудбал за машки, кошарка за женски и машки, ракомет за машки и женски, пиннг – понг и шах . Од големо значење за развојот на спортскиот дух е и организирање на велосипедско дефиле како и организирањето на пролетниот крос за сите ученици, младинци и возрасни. Поддршката за училишниот спорт се однесува и на зонски, регионални и државни натпревари, превоз за учество на зонски, регионални и државни натпревари за сите екипи и поединци од училиштата.
26.Сојуз на училишни спортови Кочани СУС Кочани програмските цели ги насочува кон зголемување на опфатот на учениците во училишни спортски клубови, омасовување на училишниот спорт, развивање и проширување на системот на училишни натпревари на локални и регионално ниво и организирање на манифестации и други активности. Сојузот на училишни спортови од Општина Кочани финансиски ќе биде поддржан во делот за уплата на котизација за ученици и ученички од основните и средните училишта за сите стортови во кои ќе се натпреваруваат, превоз на екипите за натпревари и други дополнителни трошоци. СУС Кочани има потреба од 372 000,00 денари.