Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание.
Овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност. Партизанското движење го оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!
Градоначалник на Општина Кочани,
Ратко Димитровски