Се одржа традиционалниот 43. Богородичен младински фудбалски турнир на фудбалското игралиште во Долни Подлог.
Турнирот траеше од 14 до 28 август, каде учествуваа вкупно 12 фудбалски екипи.
Од вкупно пријавените 12 екипи победничкиот пехар го понесе фудбалската екипа на Облешево.
Второто место и припадна на екипата на Долни Подлог, а третото место на екипата на Тркање. Наградите беа во пехари и парични награди, односно за прво место 30.000 денари, 20.000 денари за второ и 10.000 денари за третото место.
Освен прогласените најдобри три екипи, беа прогласени и најдобриот играч – Стевче Митев од Облешево, најдобриот стрелец – Исак Томишев од Долни Подлог и најмлад играч – Михаил Кокев од Зрновци.