Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.
Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Јастребник.
Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 26 јули, со почеток во 17 ч., во училишната зграда во с. Јастребник.
Граѓаните со право на глас треба да понесат лична карта.