На 11 јули 2023 година ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани.
Во вторник, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе втората фаза од превентивното земјено дезинсекционо третирање за заштита од комарци.
Во втората фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.