Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква.
Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата и начините за ориентација во планина.
Активноста којашто се реализира трета година по ред, согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 г., има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.