Започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, поради што сообраќајот се одвива отежнато.
Заради одржување на безбедноста во сообраќајот на овој дел од централното градско подрачје, Општина Кочани ги повикува сите учесници во сообраќајот да се движат крајно внимателно и претпазливо со приспособена брзина на возилата и почитување на сообраќајната сигнализација.