Денеска, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци и првата фаза од ларвицидното третирање.
Во првата фаза од дезинсекција беа опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.