На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“.
Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и „Водовод“ од Кочани и министерката за животна средина.
Проектот вклучува делумна рехабилитација и проширување на канализацискиот систем и системот за атмосферска вода во Општина Виница, со што ќе се реши и поврзувањето на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци, како и на кочанските населени места Грдовци и Прибачево.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од програмата ИПАРД 3, преку Секторот за спроведување на ИПА во Министерството за животна средина.