Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.
Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120 м и со различна ширина од 1,5 до 3 м.
Со финанскиска поддршка од УСАИД, „Ромалитико“ ќе учествува во проектот со 40 %, со набавка на градежни материјали. Рокот за градба е два месеца по завршувањето на тендерската постапка.