Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 25-тата седница на Советот на Општина Кочани за 17.02.2023 година, (петок) во 10.00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

  1. Разгледување на завршни сметки на општинските основни училишта за 2022 година.
  2. Разгледување на завршни сметки на општинските средни училишта за 2022 година.
  3. Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2022 година.
  4. Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2022 година.
  5. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
  6. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита  на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  7. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани.
  8. Информација за санитарно-хигиенската и техничка состојба на предучилишните и училишни установи  и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2022 година.
  9. План за работа- активности на КЈП„Водовод“- Кочани во 2023 година
  10. Давање согласност на Одлука за промена- зголемување на цената на м3 геотермална вода.
  11. Предлог- одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2022 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  12. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
  13. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2022 година и Програма за работа за 2023 година.
  14. Предлог Одлука за утврдување на просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023 година.
  15. Предлог- одлука за донесување на Изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање,со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период  2021-2031 година.
  16. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5946 КО Кочани , КП бр.5947 КО Кочани , КП бр.11139 КО Кочани и КП бр.11122 КО Кочани.
  17. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.2819 КО Полаки, КП бр.8813 КО Кочани, КП бр.7985/2 КО Кочани, КП бр.1311/1 КО Бели и КП бр.1311/2 КО Бели, КП бр.509 КО Прибачево.
  18. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.8206/1 КО Кочани.
  19. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.462/5 КО Пашаџиково, КП бр.8250 КО Кочани, КП бр.1316 КО Тркање, КП бр.3474/1 КО Тркање, КП бр.551 КО Лешки, КП бр.3307 КО Бели, КП бр.1571/2 КО Нивичани, КП бр.3443/1 КО Бели, КП бр.3443/2 КО Бели, КП бр.3444 КО Бели и КП бр.445 КО Полаки.
  20. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2022 година,
  21. Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  22. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  23. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
  1. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година.
  2. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
  3.  Годишен извештај на општина Кочани за 2022 година.
  4.  Буџетски календар за 2023 година.
  5. Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.
  6. Извештај за реализација на Програмата за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2022 година.
  7. Програма за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2023 година.
  8. Предлог- одлука за давање на користење дел од недвижна ствар на користење на Локален младински совен на Општина Кочани.
  9. Барање за определување надоместок на членовите на управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“-  Кочани.