![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/gurgovdenskiobicai1.jpg)
Со цел да се зачува материјалното и духовното богатство поврзано со празникот Ѓурѓовден, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари го организира фестивалот „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, кој во 2015 година беше поддражан и од Министерството за култура на Република Македонија.
Учесниците на фестивалот се натпреваруваат во влечење јаже, скокање во вреќа, во играта јајце во лажичка, со кои се освежуваа традицијата за Ѓурѓовден и се слави празникот на обновувањето на природата и животот воопшто.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/gurgovdenskiobicai2.jpg)