Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 121 година од раѓањето на македонската револуционерка и 38 години од основањето на училиштето.
По тој повод градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот на Општината, како и училишни и делегации од СЗБНОВ, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор.
Пред многубројната публика беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава.