Овој настан претставува собир на афористичарите од Македонија. Во 2013 и 2014 г. го организираше Општина Кочани, а од 2015 година – новоформираното здружение на граѓани од Кочани „Афористичка репрезентација на Македонија – АРМ“. Настанот се организира со цел афоризмот како сатиричен жанр да се доближи до јавноста.
Вечерта на македонскиот афоризам се одржува на почетокот на април во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.