Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 520/06, 220/012 и 4/2015) ја свикувам 21-вата седница на Советот на Општина Кочани за 29.11.2022 година (вторник) во 10:00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Решение за запирање на објавувањето на: Одлука за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8 Дооел- Кочани и Трговско радио дифузно друштво Телевизија Кочани- ЛД Дооел Кочани,
- Одлука за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8 Дооел- Кочани и Трговско радио дифузно друштво Телевизија Кочани- ЛД Дооел Кочани.