Денеска, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори беше во официјална посета на Општина Кочани и ЈЗУ Општа болница Кочани.
Целта на посетата беше комплетирање на GGP-проектот со донација на медицински апарат кој се користи на Гинеколошкото одделение во ЈЗУ Општа болница Кочани. Со овој проект Јапонија овозможи ЈЗУ Општа болница Кочани да добие нов Canon ехо апарат и CTG фетален монитор во вкупен износ од 47,863 евра.
-Драго ми е дека овие апарати донесоа поквалитетни здравствени услови и безбедност за жените, идните мајки во Кочани, но и во целиот источен регион, при следењето на нивната бременост – истакна Амбасадорот Савада.
Амбасадорот Савада имаше средба со Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во општинската сала, кадешто градоначалникот ја истакна огромната благодарност за донацијата која е биде од голема корист за пацинтите од Кочани, но и пошироко во регионот за сите кои имаат потреба.
Директорот на ЈЗУ Општа болница Кочани, д-р Александар Серафимов истакна дека досега со јапонската донација на Гинеколошкото одделение се направени околу 6.870 гинеколошки прегледи со ехо апаратот и 2.340 CTG мониторирања на состојбата на плодот преку регистрација на срцевиот ритам.