Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО.
Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како и Daniel Scheidegger, Giolitta Shadlou и Laurent Crémieux, Швајцарска канцеларија за ревизија.
Пречистителната станица во село Мојанци претставува капитален и значаен објект во кој се применува најсовремената технологија за пречистување и третман на отпадни води и се промовира самоодржливоста, кадешто 70% од енергијата која се троши е од сопствено производство.