В понеделник, 14 ноември 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 20. редовна седница.
Предлог-дневниот ред ги содржи следниве точки:
- Годишна програма за организација и изведување екскурзии, излети и други воннаставни активности за учебната 2022/23 на ООУ „Крсте Мисирков“ во с. Оризари – Кочани
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година
- Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2023 – 2025 година
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Предлог-одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани
- Локален акциски план за подобрување на состојбата на ромската заедница на локално ниво во Општина Кочани, 2023 – 2026 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општин Кочани за 2022 година
- Збирен извештај – елаборат за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и пожари што го зафатија подрачјето на Општина Кочани на 2 и 3 август 2021 година