Секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунални работи, ги врши работите што се однесуваат на:
– урбанистичко (урбано и рурално) планирање;
– издавање одобрение за градење објекти од локално значење утврдени со закон;
– уредувањето на просторот;
– изградба и одржување на комуналните објекти и инсталации, изградба, реконструкција и одржување на улиците, јавното зеленило, јавното осветлување и друга комунална опрема;
– заштита на животната средина и природата;
– преземање и предлагање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, цивилна и друг вид заштита и
– други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на Општината.