Секторот за финансиски прашања, ги врши работите што се однесуваат на:
– следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално- финансиското работење;
– управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на Општината утврдени со буџетот;
– подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за Општината;
– подготовка на стратешкиот план на Општината и измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на Општината;
– контрола на подготовката и извршувањето на буџетот и спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола;
– изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за Општината;
– следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на Општината;
– сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување годишна сметка;
– подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подготвува Одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09);
– благајничко работење
– подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
– пресметување и исплата на платите на вработените во субјектот;
– подготвува акти за даночните обврски на граѓаните;
– примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;
– следењето и согледувањето на потребите од набавки во Општината;
– изготвувањето на годишен план за јавните набавки и негова реализација и
– други