Секторот за правни, јавни дејности и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:
– следење на законите и другите прописи од областа на локална самоуправа, грижа за нивна примена во Општината и изготвување мислење по истите;
– изготвување општи и поединечни акти од надлежност на Советот на Општината и Градоначалникот од надлежната област согласно закон;
– прием и заверка во деловните книги, располагање со документите на Општината и
чување сè до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
– преземање активности во вршењето на дејностите од јавен интерес (културата, образованието, спортот, здравствената, социјалната и детската заштита);
– преземање активности за основање и за учество во управувањето на основните училишта и јавните установи за деца (детските градинки);
– стручна помош во подготвувањето и реализирањето на седниците на Советот и работните тела на Советот;
– насоки за изготвување записници и потсетници за седниците на Советот и работните тела на Советот;
– учество во изготвувањето заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот;
– учество во обликувањето и подготвување на актите на Советот за прогласување и објавување;
– учество во спроведување на оригиналните акти што произлегуваат од седниците на Советот;
– вршење и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи;