Одделението за даноци, такси и надоместоци, ги врши работите што се однесуваат на:
– следење на законските прописи и другите општи акти од областа на утврдувањето на изворите на приходи на Општината и се грижи за нивната примена.
– утврдување и вршење на наплата на даноците, таксите и другите надоместоци;
– водење регистри на недвижен и подвижен имот и вршење редовно усогласување на состојбата на регистарот на недвижен имот со регистарот кој го води Државниот завод за геодетски работи и за навремено доставување на податоци од регистрите до Централниот регистар на РМ и Управата за јавни приходи;
– водење грижа за ажурно и ефикасно водење на другите регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните и други такси;
– организирање на присилната наплата на даноците, таксите и другите надоместоци;
– изготвување решенија за даночно задолжување на даночните обврзници;
– навремено задолжување на даночните обврзници согласно законските прописи;
– подготвување извештаи, анализи и информации за остварувањето на локалните даноци, такси и надоместоци;
-предлагање акти за промена (зголемување или намалување) на стапките на локалните даноци во законски рамки, организирање, координирање и учествување или непосредно изготвување одлуки и други прописи, програми, информации и други акти;
– други работи што ќе му бидат дадени во надлежност, согласно законите и другите прописи.