Денеска започна учебната година за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, проследена со свечена приредба во присуство на родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани.
Годинава во музичкото училиште тргнаа 16 ученици во деветгодишното образование, а 8 ученици во шестгодишното. Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа деветгодишно и шестгодишно во зависност од инструментот кој се изучува.
Наставата се изведува индивидуално и во групи. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им посака големи успеси и достигнувања на поле на музиката и успешна учебна година.