Одделение за буџетска координација, ги врши работите што се однесуваат на:
– координирање на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината,
– координирање на процесот на развој, воспоставување,
– вршење на спроведувањето и одржувањето на финансиското управување и контрола,
– давање на предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола,
– давање на мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот,
– изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот,
– вршење на следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење,
– вршење на подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори,
– вршење на подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола
– вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола,
– вршење на подготовка на Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола
– други работи што ќе му бидат дадени во надлежност, согласно законите и другите прописи.