В среда, на 31 август 2022 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 16. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:
- Информација во врска со невремето и настанатите штети од невремето (поплавите) што го зафати Кочани на 24.07.2022 година
- Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2021/22 година
- Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2022/23 година
- Програма за изведување ученичка екскурзија на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за учебната 2022/23 г., заверена со бр. 03-296/2 од 22.06.2022 година
- Измена и дополнување на статутот на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
- Измена на Годишниот план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2022 година
- Измена на Годишниот план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2022 година
- Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
- Давање согласност за згрижување поголем број деца, односно помал број деца во воспитните групи во ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици и комбинирање паралелки во општинските основни и средни училишта
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал)
- Полугодишен извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година
- Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ – Кочани бр. 02-247/1 од 15.7.2022 година
- Предлог-одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на КЈП„Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Социјален план на Општина Кочани 2022 – 2025
- Информација во врска со проектот за изградба на дом за стари лица во општина Кочани
- Предлог-одлука за организирање и дефинирање на услови за доставување стока
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот
- Предлог-одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за користење на службените возила, сопственост на Општина Кочани и полнење на гориво за потребите на Општина Кочани
- Информација за измените и дополнувањата на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2022 година.
Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.