Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:
- вршење на работите што се однесуваат на подготовките на нормативни акти (одлуки и други општи акти) од надлежност на Советот односно Градоначалникот на Општината,
- давање мислење на прописи од аспекти на нивната законитост кога предлагачи се други органи, вршење стручни и организациски работи за Градоначалникот на Општината,
- грижа за извршување на одлуките од надлежност на Советот,
- информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права,
- вршење работи што произлегуваат од работниот однос на вработените во општинската администрација, подготовки за цивилната заштита,
- вршење работи за односи со јавноста,
- канцелариско работење кое опфаќа приемот, отворањето, евиденцијата и испраќањето на актите на органите на општината,
- секретарски и протоколарни работи,
- архивското и дактилографско работење,
- техничко-административни работи за потребите на Општината, курирски задачи, работи за возниот парк и други помошно технички работи (кафе-готвач и хигиеничар),
- вршење и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и други прописи, односно од страна на Градоначалникот и Советот.