Во текот на денешниот ден се извршуваат подготвителни активности за асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“.
Истовремено се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре започнува асфалтирањето на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“ и се апелира кон зголемена претпазливост и почитување на поставената сигнализација.