Во склоп на извршувањето на работните активности на прокетот Јавни работи, мерка 6, продолжува комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот.
Во моментот се уредуваат тротоарските површини на улица „Евлија Челебија“ и тротоарот на магистралниот пат Кочани – Пониква кој се протега кон с. Бели. Просторното уредување продолжува и во наредните денови на нови локации.
Во изминатите денови во скоп на истиот проект Јавни работи, мерка 6 беше уреден стариот Градски Парк, при што во периодот којшто следува ќе се постави јавно осветлување, а потоа и корпи за отпадоци, клупи и фонтана.