Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“.
На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и Република Српска – Босна, под менторство на професори за цртање од Србија, Бугарија и Словачка.
Учениците од ОУ „Раде Кратовче“, учесници на Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, вчера остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.