СЕ ПОВИКУВААТ граѓаните на Општина Кочани  кои имаат материјална штета предизвиката од невремето кое го зафати Општина Кочани на ден 24.07.2022 година да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 01.08.2022 година.

Образецот на пријавата за штета можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од ВЕБ страната на Општина Кочани.

Кон пријавата во прилог да приложат:

  • копија од лична карта
  • копија од трансакциска сметка
  • фотографии од настанатата штета (доколку имаат)
  • копија од Имотен лист или друг документ за сопственост

 

Линк до образецот за пријава на штета.