Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 8-мата седница на Советот на Општина Кочани за 14.03.2022 година, (понеделник), со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на завршни сметки на општинските основни училишта за 2021 година.
- Разгледување на завршни сметки на општинските средни училишта за 2021 година.
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2021 година.
- Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2021 година.
- Годишен план за вработување во СОУ„Гошо Викентиев“- Кочани за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконтрукција на речно корито на Кочанска река за 2021 година.
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот Изградба на препумпна станица за дел од системот „Висока зона на притисок на град Кочани“
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година
- Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
- 17 Годишен извештај на општина Кочани за 2021 година.
- Буџетски календар за 2022 година.