Во вторник, на 31 мај 2022 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи дванаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари за 2023 година
- Информација за извршување на пролетната сеидба на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
- Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани во 2021 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Правилник за внатрешна организација на ЈOУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член и именување членови на Управниот одбор на ЈOУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање под закуп недвижен имот, сопственост на општина Кочани
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година
- Предлог-програма за работа на Локалниот младински совет на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-решение за именување членови на Советот за заштита на потрошувачите на општина Кочани
- Предлог-решение за именување членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Светлина Ко 2022“ – Кочани
- Предлог-решение за именување членови на Одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Светлина Ко 2022“ – Кочани. Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар.