Денеска по повод 20 мај, денот на македонските пожарникари, ТППЕ Кочани го одбележа денот во кругот на Територијалната противпожарна единица.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави припадниците на ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, им го честита празникот и ја истакна благодарноста кон нивната хумана работа.
Во склоп на денешниот празник на пожарникарите, градоначалникот додели признание за најуспешен пожарникар за 2021 година, кое му припадна на Дејанчо Арсов, додека на претседателот на Доброволното противпожарно друштво Златко Илијев му го врачи Меморандумот за соработка меѓу Доброволното противпожарно друштво и Општина Кочани. „Амфенол технолоџи Македонија“ како општествено одговорна компанија, додели клима уред за потребите на ТППЕ Кочани.