Денеска започна асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 250м и ширина 4м и дел од улицата „Плачковица“ во должина од 90м и ширина 6м.
На улицата „Гошо Викентиев“ претходно Општина Кочани изгради атмосферска канализација со сливни решетки и постави нова водоводна линија со приклучоци за објектите.
Во тековните подготвителни активности пред асфалтирањето беше извршено орапавување на асфалтната површина, ископ на стари ивичњаци и тротоари, поставување на бекатон плочки, изградба на нови ивичњаци и нивелирање на шахти.
Носител на работите е фирмата „Ескаватори“ – МК Скопје. Вкупната сума на проектот изнесува 3.792.000 денари без вклучен ДДВ.