В сабота, на 14 мај, Општина Кочани во соработка со Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани организира настан за промоција на здрав живот, под мотото Пешачењето е здравје.
Рекреативната прошетка ќе се реализира на релацијата од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, при што ќе се користи земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска Река. Поаѓањето е во 8 ч. пред општинската зграда.
На локалитетот Гоцева Шума извидниците ќе демонстрираат дел од нивните вештини. Враќањето е по краток одмор од 30-ина минути.
Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 г. и има за цел да ја промовира физичката активност како значаен фактор за добро здравје.