В четврток, на 14 април 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи деветтата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Предлог-одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2021 година
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2021 година
- Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2021 година и Програма за работа за 2022 година
- Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2021 година
- Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2022 година, од системот за водоснабдување
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2021 година
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата и активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на општина Кочани во зимски услови за 2020/21 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година
- Предлог-одлука за основање Општински совет за социјална заштита
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2021 година
- Предлог-одлука за давање согласност на Договорот за примање донација од ПЕСТАЛОЗЗИ Фондација детско село Троген – Швајцарија, Подружница во Република Македонија, Скопје
- Предлог-одлука за давање на времено користење дел недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми ПО Скопје
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
- Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување услови во врска со вршење на автотакси превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Гази Баба за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
- Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
- Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
- Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.