Врз основа на член 50 став (1) т.4 и т.16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), а во врска со член 22 став (1) т.2 од истиот закон, член 4 став (1) од Одлуката за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими бр.09-614/1 од 25.02.2022 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.2/2022) и согласно точка II, подточка 3.1 и 3.2 Субвенционирање на домаќинствата за набавка на инвертер клими и печки на пелети  од Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.20/2021), Општина Кочани на ден 14.03.2022 година   објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на граѓани жители на општина Кочанина дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими во 2022 година

(за домаќинства)

  1. Опис на јавниот повик:
    • Општина Кочани со цел да ги стимулира граѓаните жители на општина Кочани (домакинствата) за примена на нов начин на греење, со кој ќе се намали загадувањето на воздухот на подрачјето на општина Кочани, на граѓаните на општина Кочани што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот на траењето на јавниот повик кој изнесува 30 дена сметано од денот на објавувањето, ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето на печка на пелети или инвертер клима во висина од по 10.000,00 денари, нето износ по барател (домаќинство) според условите утврдени во овој Повик.
    • Јавниот повик трае 30 дена сметано од 14.03.2022 година  до 13.04.2022 година .
    • Јавниот повик е објавен во на огласната табла на Општина Кочани и на веб-страницата https://kocani.gov.mk/ на Општина Кочани.
    • Субвенционирањето на граѓаните жители на општина Кочани во трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими ќе се финансира од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, Програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
    • Вкупните средства планирани за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани во дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими изнесуваат 1.600.000,00 денари.
    • Висината на поединечната субвенција по барател/домаќинство изнесува 10.000,00 денари, нето износ.
    • Субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според принципот: „прв дојден, прв услужен“, а приоритет ќе имаат домаќинства водени од жени (жената да е жител на општина Кочани, да е сопственик или корисник на имотот) и домаќинства на самохрани родители.
    • Исплатата на субвенцијата ќе се врши врз основа на донесено решение од Градоначалникот на Општина Кочани, сè до искористување на предвидените средства.
  1. Право на учество:
    • Право на учество имаат жители на Општина Кочани кои што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот од објавувањето на јавниот повик од 14.03.2022 година  до 13.04.2022 година и кои ќе достават навремено и комплетно барање за субвенција согласно условите од овој повик и ги исполнуваат условите од овој повик.
    • Барање за субвенција може да поднесе само едно лице од едно домаќинство за еден вид субвенција – за печка на пелети или за инвертер клима.
    • Барателите кои имаат поднесено барања за субвенција по истекот на крајниот рок за поднесување на барања или немаат уредна и комплетна документација немаат право на субвенција.
  1. Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за печки на пелети:

3.1. Секој барателот кој поднесува  барање за субвенционирање за печки на пелети  треба да ги исполнува следните услови:

–  да е жител на општина Кочани ,

– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети заклучно со 2021 година,

–  печката на пелети да ја има купено во периодот на траење на јавниот повик сметано од  14.03.2022 година  до 13.04.2022 година ,

– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,

– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

– објектот во кој е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети да не е во фаза на градба,

– печката на пелети  да е инсталирана/ монтирана,

– барателот да нема користено ваков вид субвенција.

 3.2.  Барателот за исполнување на условите од т.3.1, со барањето ја доставува следната документација:

  • копија од лична карта,
  • копија од трансакциска сметка,
  • изјава за давање согласност за користење лични податоци,
  • изјава за семејна состојба,
  • потврда од Општина Кочани дека има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради  печката за пелети заклучно со 2021 година,
  • фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
  • фотографија дека печката на пелети е инсталирана, а доколку печката на пелети во моментот на поднесувањето на барањето не е инсталирана се поднесува изјава со која барателот се обврзува истата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата, во спротивно барањето ќе му биде одбиено,
  • доказ дека купувањето на печката на пелети е извршено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 03.2022 година  до 13.04.2022 година  и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена печка на пелети, договор или друг вид на доказ за плаќање на рати, (во оригинал или копија заверена кај нотар),
  • изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
  • до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • објектот во кој е/ќе се инсталира печката на пелети не е во фаза на градба,
  • во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и
  • дека нема користено ваков вид субвенција.
  1. Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за инвертер клими:

4.1. Секој барателот кој поднесува  барање за субвенционирање за инвертер клими треба да ги исполнува следните услови:

–  да е жител на општина Кочани ,

– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради инвертер климата заклучно со 2021 година,

–  климата инвертер да ја има купено во периодот на траење на јавниот повик сметано oд 14.03.2022 година  до 13.04.2022 година,

– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање ваков вид субвенција,

– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

– објектот во кој ќе се вгради инвертер климата да не е во фаза на градба,

– инвертер климата да е инсталирана/ монтирана,

– барателот да нема користено ваков вид субвенција.

4.2.  Барателот за исполнување на условите од т.4.1, со барањето ја доставува следната документација:

  • копија од лична карта,
  • копија од трансакциска сметка,
  • изјава за давање согласност за користење лични податоци,
  • изјава за семејна состојба,
  • потврда од Општина Кочани за платен данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради  инвертер климата заклучно со 2021 година,
  • фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
  • фотографија дека климата инвертер е инсталирана/монтирана, а доколку инвертер климата во моментот на поднесувањето на барањето не е инсталирана се поднесува изјава со која барателот се обврзува истата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата, во спротивно барањето ќе му биде одбиено,
  • доказ дека купувањето на инвертер климата е извршено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 03.2022 година  до 13.04.2022 година  и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена клима инвертер, договор или друг вид на доказ за плаќање на рати (во оригинал или копија заверена кај нотар),
  • изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
  • до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер климата не е во фаза на градба,
  • во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и нема користено ваков вид субвенција.
  • Ако подносител на барањето за субвенција е жена која е корисник/закупник или сопственик на објектот во кој ќе биде монтирана печката на пелети или инвертер климата, треба да се достави соодветен доказ за користење/закуп или сопственот на објектот (имотен лист или договор за закуп, договор за користење на објектот) на име на жената. Доколку не достави соодветен доказ за користење/закуп или соственот на објектот, во тој случај нема да има приоритет при доделување на субвенцијата според критериумот кој гласи: „Субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според „прв дојден, прв услужен“, а приоритет ќе имаат домаќинства водени од жени (жената да е жител на општина Кочани, да е сопственик или корисник на имотот) и домаќинства на самохрани родители.“  односно во тој случај (ако ги исполнува условите за добивање на субвенција од Јавниот повик) субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според принципот „прв дојден, прв услужен“.
  • Во случај подносителот на барањето да е самохран родител доставува релевантен писмено доказ за тоа.
  1. Краен рок за поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима е 04.2022 година  до 15:30 часот. Секое барање поднесено после овој рок ќе биде отфрлено.
  2. Начин на поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима: Барателот потребните обрасци и тоа: образецот на Барањето за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима, образецот на изјава за давање согласност за користење лични податоци, образецот на изјава за семејна состојба, образецот на изјава со која барателот се обврзува печката на пелети/инвертер климата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата (ова изјава се поднесува ако при поднесување на барањето за субвенција печката на пелети/инвертер климата не е монтирана/инсталирана) и образецот на Изјавата која треба да ја завери на нотар, може да ги подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани, ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани,  секој работен ден во работно време од 7,30 ч.-15,30 ч, како и од веб страницата на Општина Кочани http://kocani.gov.mk/.
    • Барањето за субвенција со комплетните документи се  поднесува во определениот рок наведен во јавниот повик, на еден од следните начини за поднесување:
  • во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,
  • по пошта на адреса: Општина Кочани ул.„Раде Кратовче“ бр. 1, 2300 Кочани или
  • по електронски пат преку апликацијата мЗаедница,  со тоа што при прикачување на пријавата за стипендија во електронската апликација подносителот е должен да ги скенира во оригинал и задолжително да ги прикачи документите кои се бараат за исполнување на условите за субвенција.
    • Доколку поднесеното барање за добивање на субвенција преку  апликацијата  мЗаедница е оценето како прифатливо и е во рамките на планираните вкупни буџетски средства, комисијата преку апликацијата, а пред донесувањето на актот за одобрување на субвенцијата, ќе го извести  барателот во рок од најмногу 5 дена, да ги достави во оригинал или во копија заверена на нотар документите наведени во јавниот повик, а кои ги прикачил скенирани на апликацијата  при поднесувањето на барањето за субвенција.
    • Ако барателот на субвенцијата не ги прикачил согласно јавниот повик сите потребни документи на електронската апликација мЗаедница или истите се делумно прикачени ќе се смета дека истиот не успеал да докаже дека ги исполнува во целост условите за добивање на субвенција и комисијата ќе го отфрли барањето како неприфатливо.
  1. Начин на спроведување на постапката:
    • Постапката за субвенционирање за печки на пелети и инвентер клими ќе ја спроведе комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кочани.
    • По поднесеното барање за субвенција, Комисијата формирана од Градоначалникот за таа намена врши контрола на терен во домот на барателот во врска со набавката и инсталирањето/ монтажата на печките на пелети и инвертер клими.
    • Доколку комисијата од увидот на лице место утврди дека барателот нема купено печка на пелети или клима инвертер, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција.
    • Доколку Комисијата од увидот на лице место утврди дека купената печка на пелети или клима-инвертер не е инсталирана/монтирана ќе определи дополнителен рок од 30 дена за инсталирање/монтажа на истата, а доколку по истекот на дополнителниот рок барателот не ја инсталира/монтара печката на пелети или климата-инвертер, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција.
    • При разгледување на поднесеното барање со приложената документација, доколку Комисијата утврди дека барателот ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го прифати барањето за субвенција и ќе ги образложи причините за тоа.
    • При разгледување на поднесеното барање со приложената документација, доколку Комисијата утврди дека барателот не ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција и ќе ги образложи причините за тоа.
  1. Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел.033/274-001, моб.тел.072/306-065 Јалчн Неџипов.

Образец на барање за клими инвертери

Образец на барање за печки на пелети