Кочани се наоѓа на 120 километри оддалеченост од Скопје во источниот дел на Република Македонија, поточно ја завзема северната страна на Кочанската котлина и го зафаќа просторот од двете страни на котлината, каде што таа ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина.
Градот има јужна поставеност кон подножјето на Осоговските планини (2252 м). На 8 км. кон југ плодната Кочанска котлина е затворена со планината Плачковица(1754 м.), а надморската височина на градското тло е до 450 м.
Општина Кочани е дел од Источен плански регион кој вклучува (покрива) 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип, се простира на територија од 3537км2 т.е. зафаќа 14% од територијата на Република Македонија и има 181.858 жители.