Музичкото училиште ОМУ,,Ристо Јуруков“ континуирано учествува на државни и меѓународни натпревари и постигнува високи резултати. Успесите на овие ученици беа високи и за време на пандемијата.
По тој повод, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети учениците кои учествуваа на меѓународни и државни натпревари и им подели благодарници со подарок, посакувајќи им уште многу високи достигнувања и истакнувајќи ја поддршката од страна на Локалната самоуправа за нивните активности во иднина.
Овие музички локални амбасадори се јадрото на развитокот на културата на локално ниво, кои неуморно работат со помош на нивните наставници и ментори.