Годинава се одбележуваат 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш.
По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, денеска положи свежо цвеќе на бистата на Делчев во училишниот двор во селото Горни Подлог.
Заедно со градоначалникот, свежо цвеќе положија и наставниот и раководниот тим од Подрачното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Горни Подлог и учениците. Ова училиште до 2005 година функционираше како централно основно училиште и го носеше името на Гоце Делчев.