Денеска во кругот на Територијалнта протвипожарна единица – Кочани беше примана донацијата на противпожарното теренско возило, како донација во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се спроведува од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.
-Во оваа прилика изразувам благодарност во името на територијалната противпожарната единица, во името на Општина Кочани и во името на граѓаните на Општина Кочани, затоа што ќе имаме можност да користиме едно современо возило со сите перформанси, со многу можности за брза интервенција – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Како обврска на општината ќе биде да го опреми со дополнителна противпожарна опрема во делот на резервоари и пумпа кои ќе се користат за соодветните интервенции.
-Возилото е специјално теренско возило, се надеваме дека ќе ни служи за интервенција на планински и полски пожари, бидејќи тоа брзо пристигнува и секаде има пристап – истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Вредноста на донацијата изнесува 1,774,031 денари.